домаМакедонијаНиту еден родител да не го види вакво своето дете и да...

Ниту еден родител да не го види вакво своето дете и да не го доживее тоа што ни се случи на нас

- Advertisement -spot_img

Љупчo Ѓорѓиески, таткото на 26-годишна Сара Ѓорѓиеска која нејзиното момче Кристијан Корабоски на 15 ноември ја претепа до бесознание и ја остави на улица во Охрид, денеска со нејзина фотографија на која ѝ се гледаат модрици по лицето се приклучи на охридскиот протест против насилството врз жените и фемицид.

„Ова е ќерка ми Сара. Ниту еден родител да не го види вакво своето дете и да не го доживее тоа што ни се случи на нас“, рече кусо Ѓорѓиески.

Скандирајќи „Охрид не молчи“ и „Ниту една повеќе“ граѓани денеска излегоа на протест против насилството врз жените, барајќи одговорност од институциите и поголема заштита на жртвите. Граѓаните излегоа на улица откако на 15 ноември Сара Ѓорѓиеска беше крвнички претепана од нејзиниот дечко, 31-годишниот Кристијан Корабоски и фрлена од автомобил на улица. Корабоски е во 30-дневен притвор, обвинтет е за крвичните дела Телесна повреда, Противправно лишување од слобода и Загрозување на сигурноста, а судењето започнува на 27 ноември во Охрид.

Од протестот беше упатен повик за навремени реакции по секоја пријава за насилство, ефикасни истраги и институционално постапување без политички влијанија.

„На 15 ноември во нашиот град се случи громорозен случај на насилство, случај што нè потресе сите и нè потсети дека насилството не се случува некаде далеку од нас. Се случува тука, меѓу луѓето што ги знаеме. Насилството не е приватна работа, не е проблем на една личност, на едно семејство. Тоа е наш заеднички проблем. Молкот го штити насилството, Охрид повеќе не молчи, не сакаме повеќе жртви“, рекоа организаторите на протестот во Охрид.

Граѓаните од кејот на Охрид се упатија на марш низ Чаршијата, а потоа отидоа и до Полицијата и до зградата на Основниот суд во Охрид.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img