Денес во Делчево имавме можност да разговараме за новите проекти, но исто така и да направиме една ретроспектива за тоа што досега е постигнато.
Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на градоначалникот на општина Делчево кој што е навистина жестоко мотивиран, неговата работа се гледа на терен, импресионира тоа што нонстоп зборува за нови проекти, се бори за својата општина. И јас би сакал да ја поздравам неговата работа и да дадам поддршка за неговата работа, да се заблагодарам на сите оние советници, на луѓето, на администрацијата на општина Делчево кои што помагаат секој од овие проекти да биде реализиран и му помагаат на градоначалникот во намерата да навистина сето она кое што било заборавено да денеска еве добие контура која што ќе го подобри квалитетот на животот на жителите на општина Делчево.
Но, и не само на општина Делчево туку и на општините кои што гравитираат околу општина Делчево, би рекол целиот Пијанечко-Малешевски крај.
Исто така би сакал да се заблагодарам на колегите од владата кои што работат во интерес на испорака на проект повеќе, не само тука, туку и на цела територија на Македонија.
Како влада во рамките на нашите можности па и повеќе од тоа би рекол, можеби нескромно-но тоа е реалноста; даваме се од себе за да испорачам проект повеќе, да санираме проблем повеќе, да креираме политика повеќе со која што ќе успееме колку толку да го олесниме животот на нашите граѓани.
Понекогаш успеваме, понекогаш помалку успеваме, но проблеми се многу за решавање, нема да очајуваме, туку едноставно мотивирани сме, сакаме да направиме да Македонија биде навистина убаво, пристојно место за живеење.
Така што еве уште една благодарам до денешниот домаќин, градоначалникот на општина Делчево и да посакаме уште многу проекти да се реализираат во Пијанечко-Малешевски крај.






