домаМакедонијаШтипските средношколци од угостителскиот смер подготвуваа јапонска храна

Штипските средношколци од угостителскиот смер подготвуваа јапонска храна

- Advertisement -spot_img

Средношколците од угостителскиот смер во Државното средно училиште „Коле Нехтенин“ учеа како да приготват суши и онигири, автентични јапонски јадења.

Под менторство на Кјоко Нишикава, шеф готвач во Амбасадата на Јапонија, идните угостители имаа можност да ги совладаат традиционалните техники на јапонската кујна.

– За подготовката на суши треба ориз, оризов оцет, сушени морски алги – вели Нишикава.

Директорката на СОУ „Коле Нехтенин“– Штип, Јованка Шалева, нагласи дека ова гостување на претставници од амбасадата на Јапонија е почеток за една убава соработка, а на овој начин учениците имаат и практична настава.

– Имаме несекојдневна можност наши гости да бидат претставници од јапонската амбасада, кои за нашите ученици ќе подготват дел од нивните специјалитети. Ова е почеток за една идна соработка при која ќе имаме пригода ние да им ги покажеме нашите специјалитети – рече Шалева.

Професорот, Горан Антониевски, пак, истакна дека ова е одлична презентација на јапонската храна.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img