15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаШпанија ќе ја поддржи Македонија во преговорите со ЕУ, но прво уставните...

Шпанија ќе ја поддржи Македонија во преговорите со ЕУ, но прво уставните измени

- Advertisement -spot_img

Официјален Мадрид цврсто ќе ја поддржи Македонија во преговорите со ЕУ – ако се усвојат уставните измени и исполнат Копенхашките критериуми.

Ова е одговорот на Рафаел Сориано Ортиз шпанскиот амбасадор во земјата, на дебата организирана од Институтот Преспа, на прашањето – дали македонската влада може да добие гаранции од ЕУ, дека Бугарија нема да блокира процесот, откако ќе се донесат уставните измени.

Амбасадорот Ортиз денеска порача дека не гледа подобра опција за регионот од ЕУ, дека Шпанија се залага за промена на едногласноста во Унијата со квалификувано мнозинство и дека е дел од пријателските земји-членки кои ја фаворизираат ваквата одлука.

– Шпанија е дел од групата пријателски земји во Европската Унија, кои го фаворизираат квалификуваното мнозинство пред едногласноста во процесот. Ова не е нешто на што сите земји се согласуваат, за жал, се уште сме во тој процес, но силно веруваме дека , како што претседателката на Европската Комисија рече неодамна , кога го посети Скопје, дека, ако Северна Македонија го исполни она на што земјата веќе се согласи во 2022та и секако ги исполни политичките и економските критериуми од Копенхаген, целата унија, земјите-членки, а особено во случајот на Шпанија, ќе го поддржиме овој процес од срце, изјави Рафаел Сориано Ортиз амбасадор на Шпанија во Македонија.

Проширувањето на ЕУ со регионот е штит од екстремниот национализам и надворешни влијанија, а Македонија, Албанија и Црна Гора треба што побрзо да станат дел од европското семејство, порача шпанскиот историчар, проф. Хесус Нието Гонзалес, експерт за македонското прашање и почесен професор на универзитетот во Мадрид. Гонзалес ја нарече ЕУ слаба во нејзината позиција на Западен Балкан и спорот на Скопје со Софија.

Порача и дека разделувањето на Македонија и Албанија, но и побрзото темпо на движење на Албанија и Црна Гора кон ЕУ, може да и направи проблем на Македонија сличен со бугарските пасоши – во иднина да се вадат албански и црногорски пасоши.

– Има ли бугарско малцинство во Северна Македонија ? Па, јас не го гледам тоа. Она што можам да кажам е дека познавам луѓе со бугарски пасоши и тие не се чувствуваат како Бугари во Северна Македонија. Зошто има толку многу бугарски пасоши во Македонија? Затоа што Северна Македонија не е членка на Европската Унија, изјави проф. Хесус Нието Гонзалес шпански историчар.

Гонзалес анализираше дека Европската Унија треба да сериозно да го стави на маса прашањето за носењето на одлуки и посочи дека ситуацијата во ЕУ со само шест или 12 земји, беше различна од сегашната со 27 членки. Порача дека забрзувањето на процесот на проширување ќе се постигне со одлуки на квалификувано мнозинство.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img