Под влијание на циклонска активност од југоисток денеска ќе имаме нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје времето ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степени.
Утре и во петок ќе има изолирана појава на нестабилност, а за време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.








