домаМакедонијаБожиновска: Скопје повторно станува регионален центар за енергетика и зелена транзиција

Божиновска: Скопје повторно станува регионален центар за енергетика и зелена транзиција

- Advertisement -spot_img

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетска соработка и дијалог.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, истакна дека по успешната организација на Четиринаесеттиот меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14), земјата продолжува со засилен ангажман во меѓународната енергетска дипломатија.

Таа нагласи дека новиот форум ќе биде посветен на забрзување на зелената транзиција, развојот на обновливите извори на енергија и унапредување на улогата на жените во енергетскиот сектор, како клучни сегменти за идниот енергетски развој.

Според најавите, настанот ќе обедини високи претставници од регионот, меѓународни институции и експерти кои ќе дискутираат за заеднички пристапи кон одржлива енергетска иднина и зајакнување на регионалната соработка.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img