Претседателот на Албанската лига – Зијадин Села, во интервју на ТВ21 изјави дека неговата партија се подготвува самостојно да настапи на следните избори.
Тој вели дека досегашното искуство со коалициите било разочарувачко, нагласувајќи дека „сите коалиции нè оставија на половина пат“.
Села вели дека Албанската лига работи на самостоен настап пред гласачите и ќе ја бара поддршката од граѓаните, без да зависи од коалициите.
Истакна дека како политичка партија имаат цел да станат прва политичка сила во албанскиот политички блок.






