Патничко моторно возило се запалило денеска попладне во близина на Којник, информираат од Територијалната противпожарна единица Велес.
Дојавата за пожарот била примена на 23 јуни во 17:40 часот, по што на местото веднаш интервенирала екипа на ТППЕ Велес со едно противпожарно возило и тројца пожарникари-спасители.
По пристигнувањето на терен, пожарот бил брзо локализиран и целосно изгаснат.
Од Територијалната противпожарна единица апелираат до граѓаните, доколку забележат пожар, веднаш да го пријават на бесплатниот телефонски број 193.








