Амбасадата на Иран во Атина денеска ги демантираше тврдењата дека Техеран е поврзан со терористички план чија цел бил Израелец кој живее во Грција.
„Прес-службата на Амбасадата на Исламската Република Иран во Атина ги отфрла како целосно неосновани тврдењата на одредени медиуми кои наводниот терористички план им го припишуваат на актери поврзани со Иран“, се наведува во соопштението, пренесува порталот „Прототема“.
Од амбасадата оценуваат дека обвинувањата се неосновани и тврдат дека зад нив стои Израел.






