домаМакедонијаОтворено психолошко советувалиште во Црвениот крст

Отворено психолошко советувалиште во Црвениот крст

- Advertisement -spot_img

Црвениот крст на Македонија отвори советувалиште за психолошко советување, наменето за сите граѓани на кои им е потребна стручна, професионална и доверлива поддршка.

Оттаму информираат дека услугата опфаќа индивидуални психолошки сесии со стручно лице, професионално советување и поддршка при справување со стрес, анксиозност и емоционални оптоварувања, како и помош при лични, семејни и професионални предизвици.

Од Црвениот крст посочуваат дека советувалиштето обезбедува безбеден и доверлив простор за разговор, со индивидуален пристап приспособен на потребите на секој корисник.

Советувалиштето работи секој работен ден од 8:00 до 20:00 часот, а индивидуалните сесии траат од 45 до 60 минути.

Граѓаните можат да добијат информации и да закажат термин на телефонскиот број 072 271-048, секој работен ден од 8 до 16 часот.

– Грижата за менталното здравје не е луксуз, туку потреба. Барањето психолошка поддршка не е слабост, туку храброст – порачуваат од Црвениот крст, нагласувајќи дека навремената поддршка може да придонесе за подобра емоционална рамнотежа и поквалитетен живот.

Од организацијата ги охрабруваат граѓаните да побараат помош кога им е потребна, со пораката: „Не мора сè да носите сами! Вашето ментално здравје е важно!“

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img