домаСветСе појави редок смртоносен вирус, регистрирани неколку смртни случаи – нема вакцина,...

Се појави редок смртоносен вирус, регистрирани неколку смртни случаи – нема вакцина, а ова се симптомите

- Advertisement -spot_img

По неколку смртни случаи во Баварија, опасниот борна-вирус првпат е потврден и во северниот дел на Германија, што предизвика сериозна загриженост кај здравствените власти.

Во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија е регистриран нов случај на инфекција со овој редок, но исклучително опасен вирус, кој во најголем број случаи завршува со смрт или тешки невролошки последици.

Здравствените институции апелираат граѓаните да бидат особено внимателни.

Првиот случај на инфекција е потврден во округот Лудвигслуст-Пархим, а локалните власти соопштиле дека заразата во мај ја потврдил Државниот завод за здравство и социјални прашања (LAGuS).

Засега не се објавени детали за заразеното лице, ниту информации за возраста и моменталната здравствена состојба.

Според германските медиуми, борна-вирусот се смета за исклучително редок, но и многу опасен, бидејќи предизвикува тешко воспаление на мозокот кај луѓето.

Кои се симптомите?
Болеста најчесто започнува со симптоми што наликуваат на обична вирусна инфекција – главоболка, покачена температура и општа слабост.

Но состојбата може многу брзо да се влоши.

По неколку дена се појавуваат сериозни невролошки симптоми, меѓу кои конфузија, нарушувања во говорот и епилептични напади. Кај голем број пациенти болеста брзо напредува и завршува со длабока кома.

Во моментов не постои вакцина против борна-вирусот.

Поврзани објави
Еве колку долго сме заразни кога имаме грип, но и на…

Зошто не треба да јадеме цитрусно овошје после јадење,…

Температура од 37 што не паѓа со денови

Симптоми на болеста што му е дијагностицирана на Џастин…

Речиси сите случаи биле фатални
Во Германија годишно се регистрираат помалку од десет случаи, а најголем број досега се забележани во Баварија.

Само оваа година таму починале две лица, додека биле пријавени и неколку нови инфекции.

Според податоците на Баварскиот државен завод за здравство, речиси сите познати случаи на инфекција со вирусот BoDV-1 завршиле фатално.

Досега само четири лица успеале да ја преживеат болеста, но дел од нив останале со тешки и трајни невролошки оштетувања.

Како се пренесува вирусот?
Главен носител на вирусот е полската ровка.

Заразените животни го исфрлаат вирусот преку урина, измет и плунка, иако самите не покажуваат симптоми на болест.

Луѓето можат да се заразат при чистење штали, шупи, кокошарници или дрварници, особено ако се крева прашина што е контаминирана со вирусот.

Надлежните предупредуваат граѓаните никогаш да не допираат угинати животни со голи раце.

При чистење затворени простории се препорачува користење ракавици за еднократна употреба и заштитна маска за нос и уста, особено во ситуации кога постои ризик од кревање прашина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img