Да се формира фонд за медиумски плурализам и да се зајакне антислеп регулативата. Ова е неопходно за да се унапреди климата во која работат новинарите, став на претседателот на ЗНМ, Чадиковски, на Денот на слободата на медиумите. Според него, тоа е можно ако се случат системски промени во медиумската заедница.
Во последниот извештај на „Репортери без граници“, земјава е рангирана на 45-то место кога станува збор за слободата на медиумите. Пред нас се Словенија и Црна Гора, зад нас остануваат Бугарија, Албанија, Грција, Србија. Претседателот на новинарскиот синдикат, Беловски, вели дека предизвиците со кои се соочуваат медиумите се однесуваат на безбедноста на работните места, но и на безбедноста на самите новинари.
Погубно за професијата, вели Беловски е што не анимира млади ентузијасти, а тоа се должи и на релативно ниските плати во некои медиуми што ги остваруваат новинарите. Според него, слободата на медиумите не е трофеј што се освојува, туку борба што трае секој ден.
Слободата на медиумите не привилегија на новинарите, туку право на граѓаните да ја знаат вистината. Во време на бучава, наша работа е да останеме гласни, затоа што новинарството е слободно онолку колку што сме подготвени да прашаме, и тогаш кога одговорите се непријатни. Во принцип тоа е суштината на слободното новинарство.








