HomeМакедонијаСали: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство останува значајно за реформите, развојот и...

Сали: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство останува значајно за реформите, развојот и демократската отпорност

- Advertisement -spot_img

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари работна средба и дискусија со Амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, при што беше потврдена силната партнерска соработка и континуираната поддршка меѓу двете земји.

На средбата беше истакнато дека Обединетото Кралство претставува важен стратешки партнер и поддржувач на Северна Македонија, особено во процесите на реформи, зајакнување на демократските институции, економскиот развој, безбедноста и институционалната трансформација.

Министерот Сали нагласи дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027 и Планот за раст за Западен Балкан, како клучни механизми за модернизација на државата, подобрување на јавните услуги и забрзување на конвергенцијата со Европската Унија.

Во рамки на дискусијата беше потенцирана важноста од добро владеење, институционална координација, дигитализација, сајбер безбедност, борба против дезинформации, како и развој на политики засновани на резултати и институционална отчетност.

Соговорниците разговараа и за можностите за продлабочување на економската соработка, инвестициите, инфраструктурните проекти, иновациите и зелената и дигиталната трансформација.

Министерот Сали ја оцени како особено значајна континуираната поддршка од Обединетото Кралство за демократските процеси, институционалното зајакнување и долгорочниот развој на државата, нагласувајќи дека партнерството меѓу двете земји останува засновано на заеднички демократски вредности, владеење на правото и регионална стабилност.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img