HomeМакедонијаРокас повика на политичко обединување за напредок кон ЕУ

Рокас повика на политичко обединување за напредок кон ЕУ

- Advertisement -spot_img

„Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблиску до таа цел отколку што мислиме. Она што недостига се прагматизам и желба за обединување за да се случат финалните чекори кон ЕУ“, порача Михалис Рокас

Евроамбасадорот Михалис Рокас повика на политичко обединување како предуслов за напредок на Северна Македонија кон ЕУ. Тој ова го истакна на конференција во Скопје по повод 30 години дипломатски односи меѓу ЕУ и Македонија.

„Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблиску до таа цел отколку што мислиме. Она што недостига во овој момент се малку прагматизам и желба за обединување низ политичкиот спектар за да се случат финалните чекори напред кон ЕУ“, изјави Рокас.

Евроамбасадорот е дециден дека следните чекори се јасни: со силна јавна поддршка за членство во ЕУ, Северна Македонија треба да ги унапреди реформите, да ја зајакне регионалната соработка и да остане на курсот кон заедничка европска иднина.

Рокас: Политичко обединување е неопходно

Според Рокас, уставните измени се последниот одлучувачки чекор што треба да се направи за отворање на патот кон ЕУ. Тој посочи дека и покрај годините ентузијазам, процесот бил проследен со разочарувања.

„Во изминатите 20–25 години надежите беа високи, но имаше и неуспеси. Прашањето е како да ги надминеме пречките и да продолжиме напред“, рече Рокас.

Рокас нагласи дека Европската Унија е конзистентен и доверлив партнер на Северна Македонија, од политичка до економска поддршка. Тој потсети дека 75% од извозот оди кон ЕУ, а две третини од странските инвестиции доаѓаат од земји-членки на ЕУ.  Исто така, посочи на важноста на програмите „Хоризонт“ и „Еразмус+“, кои овозможуваат развој на знаења и капацитети.

Амбасадорот се осврна и на Планот за раст на Западен Балкан, вреден 6 милијарди евра, од кои дел се наменети за Северна Македонија. Финансиската поддршка, според него е значајна, но реформите се неопходни. 

Тој додаде дека, и покрај зголемениот скептицизам, мнозинството граѓани сè уште го поддржуваат членството во ЕУ. „И покрај растечкиот број на разочарани граѓани, според најновите анкети на јавното мислење, повеќето сепак го поддржуваат приклучувањето кон ЕУ и тоа е единствен начин да се оди напред. Ова ни дава чувство на одговорност бидејќи ние мора да испорачаме“, истакна Рокас.

Патот напред е политичка одлука

Рокас потсети дека рамката за напредок е утврдена во 2022 година, но дека напредокот зависи од одлуките на политичките актери.

„Проширувањето е политичка одлука. Времињата се менуваат и ЕУ нема да дозволи да има црни дупки на европскиот континент“, нагласи тој и додаде: „Веруваме дека сме вашиот најкредибилен партнер низ годините и покрај разочарувањата, ние сме тука со вас за да ја надминете последната пречка за да го доближиме членството поблизу до земјава“. //DW

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img