HomeМакедонијаРегионална соработка и иновации во фокусот на седниците на ПСЈИЕ во ...

Регионална соработка и иновации во фокусот на седниците на ПСЈИЕ во Софија

- Advertisement -spot_img

Делегација на Собранието, во состав на пратениците Петар Ристески и Фатмир Битиќи, учествуваше во работата на седниците на Постојаниот комитет и на Генералната комисија за економија, инфраструктура и енергетика на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), што се одржаа на 15 април 2026 година во Софија, Бугарија. Седниците се одржаа во рамките на Бугарското претседателство со ПСЈИЕ 2025–2026.

Со двете седници претседаваше Илијана Зекова, пратеничка од Парламентот на Бугарија. Пред пратениците се обрати и Ивајло Јорданов од Министерството за надворешни работи на Бугарија, кој ги презентираше приоритетите на Бугарското претседателство со ПСЈИЕ.

Темата на Постојаниот комитет беше „Зајакнување на улогата на Бирото/Тројката со цел да обезбеди континуитет на работата на претседателствата и мониторинг на имплементацијата на одлуките на ПС на ПСЈИЕ“.

Во својата дискусија, пратеникот Петар Ристески укажа дека дијалогот и соработката не се само потребни, туку и неопходни за стабилноста и развојот на регионот, како и за заедничката европска иднина. ПС на ПСЈИЕ има единствена улога во овој процес, бидејќи го носи гласот на граѓаните директно во рамките на регионалната соработка. Тој истакна дека е потребно дополнително зајакнување на соработката меѓу пратениците од различни национални парламенти.

Ристески даде целосна поддршка за зајакнување на улогата на Бирото/Тројката како механизам за обезбедување континуитет во работата на претседателствата и за поефикасно следење на донесените одлуки. Според него, Бирото – составено од претходните, сегашните и идните претседателства – треба да има поактивна улога со цел да се обезбеди институционална меморија, континуитет и стабилна стратешка насока на Парламентарното собрание.

Во работата на Генералната комисија за економија, инфраструктура и енергетика учествуваше пратеникот Фатмир Битиќи. Темата на седницата беше „Регионалната димензија на политиката за стартапи, истражување и развој и иновации во Југоисточна Европа“.

Во својата дискусија, Битиќи истакна дека иновациите и претприемништвото повеќе не се опционални компоненти на економската политика, туку суштински двигатели на одржливиот раст, конкурентноста и отпорноста на економиите. Во брзо менувачката глобална економија, регионот мора да се движи подалеку од традиционалните модели и да прифати развој базиран на знаење и иновации.

Тој посочи дека во земјата се преземаат важни чекори за поддршка на стартап-екосистемот, промоција на дигиталната трансформација и поттикнување на истражувањето и развојот. Сепак, националните напори не се доволни, бидејќи предизвиците како ограничените пазари, одливот на мозоци, пристапот до финансии и фрагментацијата се заеднички за целиот регион и бараат заеднички пристап.

Битиќи нагласи дека регионалната димензија на политиките за стартапи и иновации може да создаде можности што ниту една земја не може да ги постигне самостојно. Потребно е поврзување на регионалните пазари, усогласување на регулаторните рамки и олеснување на прекуграничната соработка, со цел да се создаде попривлечна средина за претприемачите, инвеститорите и истражувачите. Тоа ќе овозможи стартапите од регионот полесно да се прошират и да конкурираат на европската и глобалната сцена.

Парламентарното собрание на ПСЈИЕ, во кое членуваат парламентите на земјите од Југоисточна Европа – Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Северна Македонија, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора – своите цели и задачи ги темели на принципите на регионална сопственост и европска интеграција.

Парламентарното собрание има значајна улога во промовирањето на парламентарното учество и олеснувањето на интерпарламентарниот дијалог и соработка во регионот, како и во поттикнувањето на процесот на интеграција во Европската Унија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img