домаЕкономијаТрансакции во реално време, седум дена во неделата

Трансакции во реално време, седум дена во неделата

- Advertisement -spot_img

Голема новина во банкарскиот систем во Македонија најавува Народната банка, која работи на воспоставување нов систем за инстант плаќања, што ќе овозможи префрлање пари за неколку секунди, во кое било време од денот.

Новиот систем треба да функционира 24 часа дневно, седум дена во неделата, вклучително и за време на викенди и празници.

Ова го најави вицегувернерот на Народната банка, Игор Величковски, на меѓународна конференција во Тирана, посветена на модернизацијата на платежните системи.

Според него, по приклучувањето на Македонија кон Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), следниот значаен чекор е воспоставување национален систем за инстант плаќања, заснован врз технологијата ТИПС.

Со новата инфраструктура, граѓаните и компаниите ќе можат да извршуваат трансакции во реално време, без ограничувањата што постојат кај дел од традиционалните банкарски плаќања.

Дополнително, се предвидува развој на современи дигитални услуги, меѓу кои плаќање преку мобилен телефонски број, електронска адреса и QR-код.

Предвидена е и можност за испраќање барање за плаќање, како и проверка на примачот пред извршување на трансакцијата.

Величковски посочи дека новиот систем ќе биде особено корисен за трговците и малите компании, бидејќи ќе овозможи побрза наплата и поефикасно работење.

Една од главните цели е и поврзување на националните системи за инстант плаќања во Западен Балкан, со можност за нивна иднина интеграција со европската платежна инфраструктура.

Крајната цел е граѓаните да добијат побрзи, поедноставни и подостапни начини за плаќање во денари и евра.

Новиот систем сè уште е во подготовка, а точен датум за неговото пуштање во употреба не е соопштен.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img