Не е познат бројот на лица со аутизам во Македонија, сè уште не постои централен и ажуриран регистар заради што институциите немаат прецизна слика колку лица и семејства се засегнати со оваа состојба. Она што е видливо е дека бројот на децата со аутизам е во пораст.
Придонесот на оваа фондација е во опремување на сензорна соба во Центарот за аутизам во Штип, каде еден дефектолог и еден логопед работат со десеттина лица. Центарот има потреба од дефектолози.
Во Центарот за вработување во Штип нема ниту еден дефектолог или психолог, а потреба за вработување освен Центарот за аутизам, има и во градинките и во основните училишта.






