15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeРегионПротести во Словенија по убиството во Ново Место – владата најави построги...

Протести во Словенија по убиството во Ново Место – владата најави построги мерки за безбедност

- Advertisement -spot_img

По трагичниот настан во кој беше убиен 48-годишниот угостител Алеш Шутар, Словенија се соочува со масовни протести и барања за поголема безбедност и построги казни за насилните сторители.

Настанот се случи минатиот викенд пред ноќниот клуб „Патриот“ во Ново Место, каде што, според извештаите на словенечката полиција, Шутар се обидел да го заштити својот син од напад. Осомничениот за убиството, 21-годишниот Сабријан Јурковиќ, се наоѓа во притвор и му се заканува казна од пет до 15 години затвор.

Според словенечката новинска агенција СТА, Јурковиќ и претходно бил евидентиран за неколку кривични дела.

Случајот предизвика голем одѕив на јавноста. Илјадници граѓани се собраа на централниот плоштад во Ново Место, изразувајќи незадоволство од безбедносната состојба и барајќи поефикасно функционирање на институциите. Демонстрантите побараа и подобра интеграција на ранливите заедници, како и укинување на социјални бенефиции за лица кои повторуваат кривични дела.

Собирот започна со минута молчење во чест на убиениот, а потоа следеа апели за правда и безбедност.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб, кој присуствуваше на седницата на градскиот совет во Ново Место, најави нов пакет законски измени насочени кон подобрување на безбедноста.

„Не сакаме да ловиме поединци, туку да воспоставиме ред и мир. Целта е да се искоренат оружјето, дрогата и криминалните активности кои ја загрозуваат заедницата“, изјави Голоб.

Новите мерки, меѓу кои и т.н. „Закон на Шутар“, треба да бидат испратени во парламентот до 10 ноември, а усвојувањето се очекува до крајот на месецот.

Во меѓувреме, министерката за правда Андреја Катич и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар поднесоа оставки, преземајќи политичка одговорност за слабостите во системот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img