домаСветСтрашно невреме во Русија, ветер корнеше дрвја, едно лице загина

Страшно невреме во Русија, ветер корнеше дрвја, едно лице загина

- Advertisement -spot_img

Едно лице загина, а 13 се повредени во силното невреме што го зафати рускиот град Ростов на Дон, соопштија локалните власти.

Силниот ветер, кој го погоди градот во саботата, корнеше дрвја, уриваше далноводи и предизвика значителна материјална штета на повеќе локации.

Градоначалникот на Ростов на Дон, Александар Скриабин, информираше дека седум од повредените се хоспитализирани.

„За жал, невремето не донесе само материјални штети. Повредени се 13 лица, седуммина се пренесени во болница, а едно лице го загуби животот“, напиша Скриабин на Телеграм.

Тој изрази сочувство до семејството на загинатото лице и им посака брзо закрепнување на повредените.

Надлежните служби продолжуваат со расчистување на последиците од невремето и проценка на причинетата штета.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img