МВР со детали за пожарот кој рано утрово зафати возила во Скопје, а зафатен бил и дел од фасада.
– На 21.07.2026 околу 04:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“, целосно е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(34). Од пожарот биле зафатени и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(50). Исто така, од пожарот оштетен е и дел од фасада на зградата и прозорци од угостителски објект во близина, соопштија од полицијата во дневниот билтен.
Пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.






