Со изведување докази и сослушување сведоци и вештаци, во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето против пратеникот од „Левица“, Сашко Јанчев, обвинет за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски…
Со изведување докази и сослушување сведоци и вештаци, во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето против пратеникот од „Левица“, Сашко Јанчев, обвинет за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски.
Семејството изрази незадоволство од ставот на обвинетиот изнесен на претходното рочиште, кога изјавил дека не чувствува одговорност за загубениот живот. Ваквиот однос тие го оценуваат како длабока навреда и сериозно потценување на правдата.
Сообраќајната несреќа се случи на 14-ти септември лани во скопско Марино.
Обвинителство го товари Јанчев за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Според обвинението, тој управувајќи автомобил непрописно свртел без да се увери дека нема да ги загрози другите учесници во сообраќајот, по што во неговото возило удрил мотоцикл управуван од загинатиот Димовски.








