домаМакедонијаПродолжен притворот за осомничените за фалсификуваните возачки дозволи

Продолжен притворот за осомничените за фалсификуваните возачки дозволи

- Advertisement -spot_img

Продолжен е притворот за осомничените за фалсификуваните возачки дозволи, откако беше поднесено обвинението за случајот. Вработената во МВР и уште двајца остануваат зад решетки, а за други тројца недостапни за органите на прогон е определен притвор во отсуство.

Вработената во МВР како помлад советник во период од шест години во повеќе наврати ги користела своите шифри и вршела преправање на возачки дозволи, внесувајќи дополнителни категории. Останатите осомничени кои немале положено за Ц и Д категорија, потоа ги користеле лажните возачки дозволи за да управуваат со автобуси и камиони.

„Ваквите невистинити исправи тие ги користеле за да аплицираат и да добијат сертификати за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен превоз на патници и стоки, а потоа во повеќе наврати управувале со автобус или товарно возило во меѓународен сообраќај, информираат од ЈОРСМ.

Според информациите на Телма, некои од нив околу 30 пати излегувале од државата со лажните возачки дозволи, а некои десетина пати, а превезувале патници и стока. Се уште не се знае вработената во МВР колку наплаќала за услугата, бидејќи нема докази. Осомничените затоа се гонат за фалсификување исправа. Оние што не се достапни за органите на прогон не се знае со сигурност дали ја напуштиле државата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img