домаМакедонијаПроданоски: Општина Прилеп со јасна порака – поволни услови и силна поддршка...

Проданоски: Општина Прилеп со јасна порака – поволни услови и силна поддршка за домашните и странски инвеститори

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари работна средба со претставници на MATTO (Стопанска комора на Македонија-Турција), каде се разговараше за продлабочување на економската соработка и можностите за нови инвестиции.

На средбата, Проданоски ги презентирал потенцијалите на општината, нагласувајќи дека Прилеп е стабилна и подготвена деловна средина, која нуди јасна поддршка за сериозни инвеститори и е насочена кон развој на нови партнерства и заеднички проекти.

Тој истакнал дека ваквите директни контакти со бизнис-заедницата се клучни за привлекување нови инвестиции, отворање работни места и поттикнување на економскиот развој на градот.

Проданоски упати благодарн8ост до комората за поканата и можноста за промоција на Прилеп, како и до претседателот Ајдован Адемоски за, како што наведе, отвореноста и подготвеноста за унапредување на заедничката економска соработка.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img