домаМакедонијаПремиерот Христијан Мицкоски честитка по повод празникот Курбан Бајрам: Да продолжиме заеднички...

Премиерот Христијан Мицкоски честитка по повод празникот Курбан Бајрам: Да продолжиме заеднички да градиме општество на разбирање, единство и почитување

- Advertisement -spot_img

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод празникот Курбан Бајрам до граѓаните од исламска вероисповед посакувајќи празничните денови да донесат радост, топлина и надеж, а во секое семејство љубов, мир и бериќет.

Мицкоски посочува на вредостите на кои потсетува Курбан Бајрам – солидарноста, човечноста, меѓусебната почит и грижата за ближните и порачува во духот на празникот да продолжиме заеднички да градиме општество на разбирање, единство и почитување.

– Почитувани граѓани од исламска вероисповед, по повод големиот празник Курбан Бајрам упатувам искрени честитки до вас и вашите семејства, со желби за добро здравје, мир, спокој и благосостојба во секој дом. Курбан Бајрам нѐ потсетува на вредностите на солидарноста, човечноста, меѓусебната почит и грижата за ближните. Во духот на празникот да продолжиме заеднички да градиме општество на разбирање, единство и почитување, каде различностите се наша сила, а заедништвото наша иднина. Нека празничните денови донесат радост, топлина и надеж, а во секое семејство љубов, мир и бериќет. Честит Курбан Бајрам! – наведува Мицкоски во честитката.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img