домаМакедонијаПремиерна проекција на филмот за Стив Наумов го отвори одбележувањето на Денот...

Премиерна проекција на филмот за Стив Наумов го отвори одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола

- Advertisement -spot_img

Во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, вчера вечер во Кино Манаки премиерно беше прикажан долгометражниот документарен филм „Мојот вујко Стив Наумов“. На проекцијата присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, заедно со бројни гости, граѓани и претставници од јавниот и културниот живот на градот.

Филмот е посветен на народниот херој Стефан Наумов – Стив, учесник во НОБ кој загина во 1942 година во борба со бугарската полиција. Наумов е прогласен за народен херој на Југославија на 29 јуни 1945 година, а неговото дело и денес претставува значаен дел од локалната и националната историја.

Документарецот е во продукција на Македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ – Битола и е снимен на повеќе локации во градот. Во филмот за ликот и делото на Наумов зборува неговиот внук од сестра, Стефан Бошков, претседател на Општинската организација на Сојузот на борци во Битола.

Авторите на филмот, Шенол Мемиш и Дејан Младеновиќ, истакнаа дека преку ваквите дела сакаат да го поттикнат интересот на јавноста за колективното филмско искуство и за зачувувањето на историската меморија. Тие најавија дека до крајот на годината ќе следуваат уште неколку документарни проекти посветени на значајни личности и настани од македонската историја.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img