домаМакедонијаАнтикоруциска сега нема стратешки премети, критики пристигнаа и од Брисел, вели Марија...

Антикоруциска сега нема стратешки премети, критики пристигнаа и од Брисел, вели Марија Мирчевска од Институтот за Демократија

- Advertisement -spot_img

Марија Мирчевска од Институтот за Демократија и Слаѓана Тасева почесен претседател на Транспаренси Интернешнал дебатираат во вечерашната Топ Тема по наодите од ЕК за извештајот за напредокот на Македонија.

Во однос на работата на ДКСК прилично е критичен извештајот, минатата година беше доста турбулентна за комисијата со оглед дека имаше оставка од страна претседателката на комисијата по отворен предмет против неа, потоа имаше оставка на втор член на комисијата. Се правеа напори да се направи реизбор во време кога кредибилитетот на комисијата беше прилично оштетен, рече Мирчевска.

Според неа ДКСК минатата година не успеа да го трасира патот на борба со корупцијата, од друга страна се очекуваше да отвори стратешки предмети, којшто се суштински, да се потсетиме поранешниот состав го имаше предметот Бехтел и Енка или градењето пред Холидеји ин, сега нема стратешки премети.

Во однос на тоа дали успешно врши притисок врз државните институции да постапат по нејзините наоди, мислам дека и тука потфрла. За разлика од други институции, на пример после случајот со Кочани, самата комисија излезе со антикорупциска проверка на седум закони, што е исправно нешто во таа ситуација, којшто укажуваа на системски проблеми коишто доведуваа до трагедијата во Кочани. Но, не изврши доволно притисок за државните институции, законодавната, извршната власт да постапат по тие наоди и да ги отстранат тие системски недостатоци коишто комисијата ги увидела, рече Марија Мирчевска.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img