домаШоубизПредметите на Брижит Бардо на аукција во Париз се продадени за милион...

Предметите на Брижит Бардо на аукција во Париз се продадени за милион евра

- Advertisement -spot_img

На аукцијата беа понудени вкупно 285 предмети, кои беа продадени за 1,15 милиони американски долари, што е речиси 20 пати повеќе од првичната проценка, објави „Гардијан“.

Две јаки за кучиња, со идентификациона табличка со името и телефонскиот број на Бардо, проценети на 30 евра, се продадени за 9.400 евра на руски купувач.

Автопортретот достигна цена од речиси 40.000 евра, додека машината за пишување со која ја напишала автобиографијата е продадена за 4.634 евра.

Две нејзини гитари, проценети на 300 и 500 евра, се продадени за 8.600 и 1.900 евра, додека три кадифени играчки достигнале цена од 2.200 евра.

Фондацијата Брижит Бардо е основана во 1986 година, а на веб-страницата на организацијата стои дека згрижила 13.000 животни.

Брижит Бардо, која како модел и актерка стана симбол на модерната женственост и сексуалната револуција, подоцна се посвети на борбата за правата на животните.

Во текот на животот, таа беше критикувана и за хомофобични изјави, а повеќепати беше казнувана за поттикнување расна омраза.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img