домаМакедонијаЗагрижувачки бројки на лица со дијабетес во Кичево – 3.000 регистрирани пациенти...

Загрижувачки бројки на лица со дијабетес во Кичево – 3.000 регистрирани пациенти во 2025 година

- Advertisement -spot_img

Зад секоја бројка се крие еден живот, едно семејство и секојдневна борба со болест која бара постојана грижа и посветеност. Во Кичево, повеќе од 3.000 лица живеат со дијабетес, додека околу 900 од нив примаат инсулинска терапија. Овие бројки предизвикуваат загриженост поради распространетоста на болеста. Станува збор за дијабетес тип 1 и тип 2, заболување кое не ги заобиколува ниту помладите генерации.

„Во моментов, во нашиот Центар за дијабетес, кој функционира во рамките на Интерното одделение, според последните податоци од „Мој термин“ и Центарот за јавно здравје – Битола, во 2025 година на ниво на Општина Кичево се евидентирани приближно 3.000 пациенти со дијабетес тип 2. Дел од нив ја контролираат болеста со диетален режим на исхрана, дел користат лекови, а дел примаат инсулинска терапија.“, порача Тања Илијоска.

Загрижувачки е фактот што дијабетесот не ги погодува само возрасните. Меѓу пациентите во Кичево има и околу 10 деца помлади од 18 години со дијабетес тип 1, како и 10 бремени жени кои се соочуваат со гестациски дијабетес. Оваа состојба покажува дека болеста зафаќа и возрасни групи на кои им е потребна посебна здравствена грижа.

„На инсулинска терапија имаме 900 пациенти. Меѓу нив има пациенти со дијабетес тип 2, но и пациенти со дијабетес тип 1 на возраст до 18 години, кои редовните контроли ги вршат на Детската клиника во Скопје. Станува збор за околу 10 пациенти со дијабетес тип 1. Во оваа група спаѓаат и пациентките со гестациски дијабетес, односно дијабетес што се јавува за време на бременоста. Има околу 10 такви пациентки, од кои дел примаат инсулинска терапија, дел се на посебен режим на исхрана, а дел користат таблетарна терапија.“, вели Тања Илијоска.

Ноември е месец посветен на подигнување на свеста и борбата против дијабетесот. Сепак, за оние кои секојдневно живеат со оваа болест, борбата не трае само еден месец.

Со цел да се зголеми свесноста кај населението и да се поттикнат редовните здравствени контроли, на 24 ноември, во претпладневните часови, пред објектот на Интерното одделение во Кичево ќе се организира бесплатно мерење на нивото на шеќер во крвта за сите заинтересирани граѓани.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img