домаМакедонијаКлековски: Преживувањето на предвреме родените деца е решено подобро од европскиот просек...

Клековски: Преживувањето на предвреме родените деца е решено подобро од европскиот просек — сега редот е на превенцијата и на грижата по болницата

- Advertisement -spot_img

По повод Светскиот ден на предвремено родените деца, министерот за здравство, Сашо Клековски, заедно со директорката на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев и раководителката на одделот за интензивна нега и терапија, д-р Елизабета Петковска, го претстави напредокот во неонаталната здравствена заштита и приоритетите за наредниот период.

Годинешното мото е „Мали бебиња, голем потенцијал. Инвестирајте во континуирана грижа за да ја заштитиме нивната иднина!”.

Светската здравствена организација, УНИЦЕФ и УНФПА, во март годинава оценија дека ова е најголемото подобрување во преживувањето на децата забележано во светот. Според податоците на УНИЦЕФ за 2024 година, неонаталната смртност изнесува 1,05, доенечката 2,26, а смртноста до пет години 2,8 на 1.000 живородени деца. За споредба, просекот на Европската Унија за доенечка смртност во 2024 година е 3,5 на 1.000 живородени. Независната анализа на Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ), изработена е во рамки на проектот „Converge2EU“, го мери приближувањето на земјата кон Европската унија по одделни области.

-Имаше јасна цел, програма зад таа цел и поддршка што траеше подолго од еден мандат. Кога тие три работи ќе се најдат заедно, македонското здравство испорачува резултат од светски ранг. Тоа не е успех на едно одделение — тоа е модел што може да се пренесе, изјави министерот Клековски.

Во светот годишно предвреме се раѓаат околу 13,4 милиони бебиња, односно приближно едно од десет новороденчиња. Во земјава околу 9 до 10 отсто од бебињата се раѓаат пред завршени 37 гестациски недели, што е над европскиот просек.

-Намалената смртност, потенцира министерот Клековски, не значи и намалена зачестеност на предвременото раѓање — затоа фокусот се поместува кон превенцијата, навременото откривање на ризичните бремености и здравјето на жената пред и за време на бременоста.

-На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во периодот од 1 јануари до 31 октомври 2026 година се реализирани 3.266 породувања и се родени 3.216 живи новороденчиња, од кои 610 или 19 отсто предвреме. Повисокиот процент во однос на државниот просек произлегува од тоа што Клиниката е национален терциерен центар во кој се упатуваат ризичните бремености од целата држава, изјави директорката Алексиоска Папестиев .

Таа истакна дека приоритети за наредниот период се превенција и рано откривање на ризичните бремености; континуирано следење на растот и развојот по отпуштањето од болница, со достапни специјалистички прегледи и рана интервенција, поддршка на родителите преку навремени информации, психолошка поддршка и активно учество во грижата за своето дете.

Директорката д-р Алексиоска-Папестиев потецираше дека сето ова е резултат на систематска и тимска работа на целиот кадар на Клиниката, како и модернизацијата на условите, континуираната едукација на здравствените работници, со посебен фокус на обезбедените 13 нови инкубатори, три беби-затоплувачи, како и ултразвучен апарат со три сонди за евалуација на мозочињата, белите дробови и срцата на овие пациенти. Во тек е и обновување на одделението за доносени новородени.

Д-р Петковска, раководител на одделот за интензивна нега и терапија при Клиниката за гинекологија, истакна дека на одделот во рамки на развојната нега за предвремено родените и високоризичните новороденчиња, се спроведува кенгурирање, а согласно препораките на Светската здравствена организација за ексклузивно доење и рана исхрана со мајчино млеко, функционира и лактариум во кој мајките измолзуваат млеко за своите бебиња во текот на престојот.

Светскиот ден на предвреме родените деца, годинава, првпат се одбележува на 15 ноември. По повеќе од една деценија одбележување на 17 ноември, Светската здравствена организација го определи новиот датум со формалното вклучување на денот во календарот на СЗО, поддржано на Светското здравствено собрание во 2025 година, за да се избегне преклопување со Светскиот ден за елиминација на ракот на грлото на матката.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img