СВР Штип поднесе кривична пријава против 46 годишен поштар кој не доставил препорачано писмо до вистинскиот примач туку се потпишал во негово имe на листата за доставени пратки..Писмото било од Министерството за образование а во врска со оглас за вработување.
Поради ваквиот пропуст на поштарот, лицето го пропуштило рокот за жалба на конкурсот за вработување на ментор – наставник.
Од МВР не соопштуваат кои се причините за фалсификувањето на потписот и за недоставата на писмото, освен дека против поштарот ќе биде поднесена кривична пријава за несовесно работење во службата.
„На 07.08.2026, пријавениот, вработен како поштар, не доставил препорачано писмо до едно лице од Министерство за образование и наука, а се потпишал во нејзино име на листата за доставени пратки со што ѝ нанел штета во однос на пропуштање на роковите за жалби при остварувањето на нејзините работнички права, а во врска со конкурирање на интерен конкурс за ментор – наставник“, соопштија од МВР.






