домаМакедонијаОд лекување на сложени случаи до обука на македонските тимови – Клековски...

Од лекување на сложени случаи до обука на македонските тимови – Клековски најавува поголема соработка во здравството со Србија

- Advertisement -spot_img

Министерот за здравство, Сашо Клековски во Белград се сретна со министерот за здравство на Република Србија, Златибор Лончар и го посети Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Како што информираат од Министерството за здравство,се разговарало за натамошното лекување на повредените од Кочани во српските здравствени установи, според претходната иницијатива.

Во фокусот на средбата била соработката со референтните институции во Србија преку: упатување на лекување и високоспецијализирана помош за сложени состојби; второ мислење и стручни консултации со заеднички стручни тимови за сложени случаи; партнерства меѓу референтните центри во Србија и клиниките во Македонија – практична обука, стручни престои и менторство на клиничките тимови.

На средбата со в.д. директорката на Универзитетскиот клинички центар на Србија проф. д-р Јелена Друловиќ, разговарано е за можностите за соработка меѓу УКЦС и универзитетските клиники во Скопје, за упатување на пациенти со сложени состојби, заеднички стручни консултации и стручни престои за македонските клинички тимови.

Разговарале и за организациски прашања, а потоа ја посетиле Клиниката за неврологија, со фокус на згрижување на лицата со мозочни удари и Центарот за мултипла склероза.

-Целта не е нашите пациенти да патуваат подалеку, туку знаењето да дојде поблиску. Тоа што денес за сложените случаи го бараме надвор, со заеднички тимови, обуки и менторство утре треба да го имаме дома – истакнал Клековски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img