домаМакедонијаПо неколкудневни протести, се затрупува депонијата кај Пчиња – ако чадот се...

По неколкудневни протести, се затрупува депонијата кај Пчиња – ако чадот се врати, повторно ќе блокираме, најавија жителите

- Advertisement -spot_img

Чадот и непријатната миризба околу депонијата „Краста“ во селото Пчиња ги нема повеќе. На терен е тешка механизација, која го затрупува отпадот и ја санира депонијата.

По неколкудневната блокада, жителите на неколку кумановски села денеска го прекинаа протестот. Велат дека се задоволни од досегашните активности и очекуваат работата да продолжи со исто темпо. Во спротивно, најавуваат повторна блокада, бидејќи, како што велат, нема да дозволат никој да го загрозува нивното здравје.

„Воздухот сега е чист. Надлежните донесоа голема механизација и депонијата полека се средува“, вели еден жител.

„Блокадата засега е во мирување. Доколку забележиме да има повторно чад како порано подготвени сме пак да блокираме“, рече друг граѓанин.

Директорот на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово признава дека имале голем проблем со депонијата поради лошата финансиска состојба и стара механизација. Но, вели дека сега активно се работи и очекува за кусо време овој проблем да биде решен.

„Само во изминатите 48 часа се активирани повеќе од 150 тури на камиони. Нанесено е земјен нанос од седум илјади метри кубни. Се врши тампонирање на целата депонија. До овој момент околу две илјади и петсто метри е извршен земјен нанос“, рече Сашо Томиќ, директор на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово

Изминатата недела, жителите на неколку кумановски села го блокираа влезот на депонијата во Пчиња, каде што отпадот гореше со месеци. Бараа да се запре внесувањето нов отпад, кој, според нив, дополнително го разгорувал пожарот, но и надлежните конечно да преземат мерки за решавање на проблемот. Тие најавија дека повторно ќе го блокираат влезот доколку чадот се врати.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img