Денес времето претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
Послаби услови за краткотрајно невреме ќе има и утре попладне и кон крајот на денот.
Во Скопје, денес попладне и утре во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.






