Правно лице, еден странски и еден македонски државјанин добија кривични пријави за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Од МВР информираат дека ОВР Неготино поднело кривична пријава против правно лице од Скопје, В.М. од Австрија – одговорно лице во правното лице и Р.М.(52) од Гевгелија – раководител на подружница на правно лице во Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик.
На 13.05.2026, полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи при ОВР Неготино, а подоцна и градежен инспектор од општина Неготино, констатирале дека пријавените извршиле ископ на канал од околу 600 метри и поставиле кабли за електрична енергија на дел од потегот од село Пепелиште кон село Војшанци, неготинско, а градежните активности ги отпочнале пред да бидат исполнети законските услови, односно пред да биде платена изготвената пресметка на надомест за уредување на градежно земјиште во износ од 1.502.981 денари и пред да добијат одобрение за градба, за што претходно инвеститорот поднел барање до општина Неготино.
Со тоа, пријавените предизвикале штета на буџетот на општина Неготино за наведената сума.








