Почна сезоната на пржената пиперка, а граѓаните веќе масовно ја купуваат од штипскиот пазар. Велат дека пиперката е слатка, месеста и идеална за пржење, па многумина ја подготвуваат и со сирење на трпезите. На тезгите се бара најмногу квалитетна пиперка за зимница, а цената се движи од 70 до 80 денари за килограм.
Чичко Мите од Муртино вели пиперот се троши, а цената е пристапна за граѓаните. 70 денари го продава лутиот, додека благиот чини 80 денари за килограм.
Пазарџиите велат дека со деновите ќе има сè повеќе пиперка и може да се смири и цената. Граѓаните пак велат – и по оваа цена, пржената пиперка мора да се најде на трпезата.








