Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и потврди скандал каде што има основен сомнеж за криминал. Тој изјави, цитирам: „Славјанка Петровска потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука“., изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој побара обвинителството да отвори постапка за оваа изјава.
„Пратеникот и лидер на СДС, Венко Филипче, јавно излезе со обвинување против пратеничката од редовите на СДС и екс-министерка Славјанка Петровска. Не може да се игнорира овој скандал кој го обелоденува токму Венко Филипче. Тука сме да му помогнеме нему и да побараме токму од Јавното обвинителство, по допрен глас, да реагира и да го сослуша Венко Филипче за, како што самиот обвини, криминалот на Славјанка тежок 37 милиони евра“, рече Манасиевски.
Тој додаде дека неговата партија го поддржува и поттикнува Венко Филипче да не молчи и да каже сè што има за Славјанка Петровска.
„Очекуваме итно и неодложно Јавното обвинителство да отвори предмет и да реагира. Правда мора да има и добро е што Венко Филипче почна да зборува. Веруваме дека има уште многу повеќе да соопшти за криминалот во таборот на СДС“, рече Манасиевски.






