Жител на скопско Сарај пријавил дека бил мета на закани, при што едно лице вперило пиштол кон него, по претходна расправија пред угостителски објект.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 18 април 2026 година во 20:00 часот во СВР Скопје, М.М. (43) од село Сарај пријавил дека околу 13:48 часот, по недоразбирање и расправија, лицата Ш.С. и М.С. му упатувале закани.
Во пријавата се наведува дека едно од лицата, Ш.С., вперило пиштол кон него.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.








