Австрија, Италија, Чешка, Словачка и Словенија иницираа модел на постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во единствениот европски пазар. Предлогот предвидува пристапување „чекор по чекор“, односно државите од регионот постепено да ги користат придобивките од членството во Европската Унија, паралелно со напредокот во преговорите и исполнувањето на реформските критериуми.
Во период кога во Брисел се разгледуваат нови механизми за забрзување на европската интеграција на Западен Балкан, на домашната политичка сцена продолжуваат меѓусебните обвинувања меѓу власта и опозицијата.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оценува дека евроинтегративниот процес на државата е закочен поради политиките на актуелната владејачка коалиција. Според него, кај власта недостига вистинска посветеност за напредок на државата, а во преден план, како што тврди, се ставени партиските и бизнис интересите.
Од владејчката ВМРО-ДПМНЕ се децидни дека потребен е заднички став на европските лидери во однос на членството на земјава во европската унија…
Од Европската унија децидни дека треба да се испорачаат резултати со кои земјите од западен балкан меѓу кои и Македонија ќе добијат отворена врата во европското семејство…
Инаку, Во предлогот се посочува дека ваквиот модел би ѝ помогнал на ЕУ да го засили своето геополитичко влијание и да се спротивстави на влијанието на Русија и Кина во регионот. Меѓу земјите што би можеле да бидат опфатени со ваквиот пристап се Црна Гора, Албанија, Македонија и Србија.








