домаХроникаЛажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест...

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци

- Advertisement -spot_img

38 годишниот охриганец со иницијали П.С., кој преку измами за лажни сообраќајни несреќи „заработил“ дури 3,5 милиони денари, денес доби казна затвор од 5 години и 6 месеци, соопштија од Основниот суд во Штип. Тој во текот на јануари годинава телефонски контактирал постари лица и им прикажувал лажни факти, доведувајќи ги во заблуда дека нивната ќерка е повредена, со скршеница на ногата и дека е неопходна итна операција, за која се потребни пари. На овој начин, како што се наведува во пресудата, биле доведени во заблуда дури осум лица, при што вкупната материјална штета изнесува околу 56 илјади евра.

Основниот суд Штип денеска донесе пресуда против П.С. од Охрид, со која му е изречена казна затвор во траење од 5 години и 6 месеци за кривично дело „измама“ по член 247 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Според пресудата, станува збор за продолжено кривично дело сторено врз осум оштетени граѓани од Штип и Виница, во периодот на месец јануари 2026 година.

Судот исто така одлучи притворот на обвинетиот да биде продолжен до правосилноста на пресудата. Инаку, изминатиот период повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори. Притоа, тие најчесто им кажуваат дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни незгоди и дека треба итно да дадат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство да не оди во затвор и да биде ослободен од кривичен прогон. Надлежните со апел до граѓаните да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават во најблиската полициска станица.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img