Политичка одговорност, одлуки на обвинителствата, законски постапки и економскиот јаз беа дел од обвинувањата што денеска беа упатени е на релацијата власт–опозиција.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во врска со случајот со модуларните болници претставува последен атом на сила на претходната власт. Според владејачката партија, одлуката е одраз на начинот на владеење на претходната влада предводена од СДСМ.
Од СДСМ возвратија дека обвинувањата од власта се неосновани и празни, а одлуката на обвинителството, според нив, е показател дека нема ништо спорно во однос на модуларните болници во земјава.
Од опозициската партија, истовремено, ја обвинија власта дека целосно ги занемарила лозарите од Тиквешијата. Оттаму најавија и низа предлог-закони со кои, како што велат, ќе се подобрат условите за работа и развој на лозарството како значајна земјоделска гранка.
Несогласувањата меѓу власта и опозицијата следуваат откако Јавното обвинителство го затвори случајот поврзан со 19-те модуларни болници, кои беа ставени во употреба за време на пандемијата на КОВИД-19 во земјава.
Политичките препукувања се интензивираа и по објавите на власта дека државата бележи економско закрепнување…






