HomeМакедонијаОпштина Битола со нова мерка за поддршка на жените во бизнисот -...

Општина Битола со нова мерка за поддршка на жените во бизнисот – Отворен јавен повик за формирање на совет на женско претприемништво

- Advertisement -spot_img

Врз основа на Одлуката за формирање на Совет за поддршка на женско претприемништво на Општина Битола, Советот на Општина Битола објавува јавен повик за членови на Советот за женско претприемништво на Општина Битола.

Советот за женско претприемништво на Општина Битола е советодавно работно тело на Советот на Општина Битола, основан со цел да работи на економско зајакнување на жените преку претприемништво. Советот за женско претприемништво на Општина Битола брои 21 членови.

Целта на Советот за женско претприемништво на Општина Битола е да ги претставува и застапува интересите на актуелните и потенцијални жени претприемачи во Општина Битола преку давање на мислења и препораки за прашања поврзани со женското претприемништво и родовата рамноправност, креирање на планови, стратегии и политики за поддршка на жените како и економско зајакнување на жените.

Рокот за доставување на предлозите за кандидати е 5 работни денови, започнувајќи од 02.03.2026 година и ќе трае заклучно со 06.03.2026 година.

Условите и потребната документација на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/zensko-pretpriemnishtvo/

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img