домаСпортБитолчанец и дете на Пелистер ќе игра за Албанија

Битолчанец и дете на Пелистер ќе игра за Албанија

- Advertisement -spot_img

Медиумите во Албанија ексклузивно објавуваат дека родениот битолчанец и дете на ФК Пелистер, Усни Исмаили за прв пат во кариерата ќе добие повик за А репрезентацијата на Албанија.

Играчот сега веќе на Динамо Сити, од мали нозе што се вели беше регрутиран да игра за нашиот сосед иако е роден во Битола, и играше за Пелистер.

Откако одработи петнаесетина мечеви во младинските селекции на Албанија, од У17, па се до У21, еве сега Исмаили добива шанса и во сениорите.

Покрај Пелистер, во нашиот ПМФЛ шампионат, настапуваше уште и за Воска односно Караорман, а во Албанија беше дел и од тимот на Вора.

Исмаили има 24 години во моментов, а ќе дебитира на некој од мечевите против Финска и Белорусија, кој што Албанија ги игра во рамките од Лигата на Нациите.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img