Околу 6 проценти од домаќинствата во земјата, или приближно 34.900 домаќинства, живеат во повеќедимензионална сиромаштија, покажува последното научно истражување, кое ја мери сиромаштијата во сите 80 општини и осум плански региони во земјава.
Дали државата планира да помогне со пакет мерки, пред сè на социјално ранливите категории на граѓани, 24 го праша министерот за социјална политика, Ѓоко Велковски.
Во истражувањето исто така се посочува дека сиромаштијата е најизразена во малите и оддалечени општини, каде што недостапноста до училиштата и здравствените услуги често се поврзува со ниското образовно ниво. Оттаму оценуваат дека социјалните и развојните политики треба да се насочуваат кон конкретните општини и видови лишеност.
Инаку, највисока стапка на повеќедимензионална сиромаштија има во Југоисточниот регион – дури 10,3 проценти, потоа во Вардарскиот со 9 и Североисточниот со 8,9 проценти. Најниска е во Скопскиот регион – само 2,3 отсто. На ниво на општини, пак разликите се уште поизразени. Во Чашка 71 процент од домаќинствата се повеќедимензионално сиромашни, а следуваат Старо Нагоричане со 66 проценти, Конче со 58, Могила со 56 и Новаци со 49 проценти.






