домаМакедонијаУрсула фон дер Лајен го посоветувала Мицкоски да побара билатерална средба со...

Урсула фон дер Лајен го посоветувала Мицкоски да побара билатерална средба со бугарската страна

- Advertisement -spot_img

Урсула фон дер Лајен со совет до Мицкоски – време е Скопје да затропа на вратата на Софија за билатерална средба. Шефицата на Европската Комисија фон дер Лајен, по разговорот со премиерот Мицкоски, најави дека е договорен прв чекор за деблокада на македонските евроинтеграции – да се иницира средба меѓу Муцунски и Чамова, за време на посетата на шефот на дипломатијата на Софија, следната недела.

Фон дер Лајен не прецизираше дали ЕУ ќе испрати свој посредник во разговорите со Софија, но порача: прво деблокада на преговорите со ЕУ, а потоа патоказ за Македонија, каков што Брисел следната недела треба да им додели на четирите земји -фаворити за членство во ЕУ.

– Се договоривме да имаме еден прв нов чекор следната недела и да се обидеме да го деблокираме процесот, всушност да го претвориме во процес. Тоа е најважниот дел. Во моментот кога ќе ја деблокираме ситуацијата тука, моето мислење е дека можеме да бидеме брзи со Северна Македонија. Затоа што веќе интензивно работиме на реформите кои што се неопходни. Да, се уште има работа, но импресивно е она што го имате направено и сега се фокусираме на тоа да ја деблокираме ситуацијата, за да можеме дојдеме потоа со патоказ и до Северна Македонија, изјави Урсула фон дер Лаејн.

Премиерот Мицкоски, на прашање на ТВ 24, за детали од предлозите ставени на маса со претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен за деблокада на евроинтеграциите, изјави дека министерот Муцунски ќе испрати дипломатска нота за средба со неговата бугарска колешка Велислава Петрова Чамова.

– Од претседателката добив совет. Веќе следната недела нашиот министер за надворешни работи е во Софија, причина за тоа е коридорот 8 и проектите кои што ги движиме во рамките на тој коридор 8. Да побараме од домаќинот средба на билатерална основа. Јас веднаш побарав од министерот да испрати дипломатска нота и да побара време за средба и состанок со неговата колешка и да почнеме процесот од некаде да го движиме, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Урсула фон дер Лајен ја повтори пораката за носење на уставните измени, со уверување дека ЕУ со добредојде ќе ги пречека македонскиот идентитет, јазик и култура.

– Сега има еден клучен чекор кој што треба да го направите за да можете да се придвижите напред и да го отворите првиот кластер основи.Знам колку е ова чувствително, но сакам да бидам јасна – ние ќе и посакаме добредојде на Северна Македонија со нејзиниот идентитет и со нејзиниот јазик, веруваме дека македонскиот јазик и македонската култура можат да ја направат нашата унија побогата, изјави претседателката на Европската Комисија.

Фон дер Лајен ја пофали Македонија за напредокот во Планот за раст, но порача дека во реформите има уште многу работа. По средбата со премиерот Мицкоски, шефицата на Европската комисија одржа и тет-а-тет средба со претседателката Сиљановска-Давкова, со што ја заокружи регионалната турнеја.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img