24-годишна девојка од Кочанско рано утрово пријавила во полицијата во Маврово дека нејзиниот 40-годишен партнер физички ја нападнал неа и нејзин пријател кој се обидел да ја заштити, соопшти МВР.
„На 02.10.2026 г. во 02:50 часот во Полициското одделение Маврово, 24-годишна девојка од кочанско село пријави дека била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Г.(40), кој потоа го нападнал и нејзиниот пријател С.П., кој се обидел да ја заштити. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.






