6.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeХроникаОбид за измама пријавен во кратовската полиција, жртва 79-годишна жена

Обид за измама пријавен во кратовската полиција, жртва 79-годишна жена

- Advertisement -spot_img

Уште еден обид за измама за добивање средства за наводна сообраќајна несреќа регистрира СВР Куманово.

– Вчера околу 09:30 часот во ОВР Кратово, 79-годишна жена пријави дека едно лице се обидело да ја измами. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ѝ кажало дека нејзината ќерка била прегазена во сообраќајна несреќа и ќе биде потребна одредена сума на пари за операција, но таа се посомневала во точноста на информацијата и пријавила во полиција, соопшти СВР Куманово.

Од почетокот на октомври имаше неколку обиди за измама, последниве два беа регистрирани минатата работна недела, но и во двата случаи, лицата се посомневале дека станува збор за измама.

Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги.  

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img