домаСветПоплава однесе човек во Тарагона, силното невреме направи хаос во Шпанија

Поплава однесе човек во Тарагона, силното невреме направи хаос во Шпанија

- Advertisement -spot_img

Невреме со силен град предизвика сериозни поплави во североисточна Шпанија. Поројниот дожд и град со големина на топчиња за голф особено ја погоди Тарагона, а со екстремното невреме имало и прекини на струја и притоа повеќе од 1.000 луѓе повикале брза помош, пренесува Телеграф.

На една од снимките се гледа како маж е однесен од надојдената вода по поплавена улица, додека на друга снимка се гледа како покривот на трговски центар се урива под силата на невремето.

Гулабите кои се нашле во силното невреме биле фрлани на земја, а десетици птици можеле да се видат како лежат мртви откако биле погодени од градот.

„Птиците немаа време да се заштитат и беа жртви на силното невреме што го погоди подрачјето со интензивен дожд, силни налети на ветер и молњи“, изјави жител на пристаништето во Тарагона.

Невремето во Шпанија следуваше по торнадо кое во понеделникот вечерта помина низ село во Франција, откорнувајќи покриви од куќи додека силни невремиња ја погодија земјата.

Најмалку 41 лице беше повредено за време на невремето. Меѓу повредените била и бремена жена чиј дом делумно се урнал кога торнадо поминало низ делови од јужниот регион Окситанија, објави АФП.

Неколку летови од големите градови – Бордо, Марсеј, Ница, Тулуз и Париз – биле откажани или доцнеле, бидејќи градот и поројните поплави предизвикале големи нарушувања во мрежите на јавниот транспорт.

Разорните ветрови корнеле дрвја, предизвикувајќи сообраќаен хаос и оштетувања на електричните водови. Повеќе од 2.800 домови останале без електрична енергија доцна во понеделникот навечер.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img