домаМакедонијаНова фестивалска локација и винска магија: Ohrid Wine Festival Vol. 5 од...

Нова фестивалска локација и винска магија: Ohrid Wine Festival Vol. 5 од 25 до 27 јуни покрај езеро

- Advertisement -spot_img

Од 25 до 27 јуни, на кејот во Охрид ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival. Три дена покрај езерото, со вино, музика, гастро понуда и содржина за посетители кои сакаат поинакво летно доживување во градот. Оваа година фестивалот носи нова адреса за дружење, прошетка и вечерно уживање на едно од најпрепознатливите места во Охрид.

Ohrid Wine Festival продолжува да ја гради својата приказна како настан што ги поврзува виното, храната, музиката и градската атмосфера. Петтото издание го носи фестивалот поблиску до движењето на градот – на кејот, каде што посетителите ќе можат да прошетаат, да застанат на чаша вино, да пробаат нешто од гастро понудата и да ја продолжат вечерта со музика покрај езерото.

Оваа најава е порака навреме да се зачуваат датумите 25, 26 и 27 јуни. Организаторите подготвуваат богата винска, гастро и музичка понуда, со учество на винарии, локални вкусови и програма што ќе биде наменета за охриѓани и за гостите кои во тој период ќе бидат во градот. Деталите за учесниците и програмата ќе бидат објавени дополнително.

Од 25 до 27 јуни, Ohrid Wine Festival ќе биде повод кејот да стане место за средби, вкусови и летни вечери покрај езерото.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img