Каде е градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски? Еден месец го нема а нема ниту одговор.
Општината е оставена без градоначалник, а последиците од неодговорноста и погрешните кадровски решенија на ВМРО ги трпат граѓаните.
Општината се гуши во смет, јавните услуги се влошуваат, а граѓаните се оставени сами да се справуваат со проблемите.
Од Лукровски и додека формално ја извршуваше функцијата, граѓаните не гледаа резултати од неговото работење. Единствената разлика денес е што никој не знае каде е.
Затоа Карпошани со право прашуваат каде е градоначалникот на Карпош? До кога трае неговото боледување? Кој ја води Општината во негово отсуство?
Дали е точно дека е поднесена оставка? И ако е така, зошто граѓаните не се официјално информирани?
Карпошани имаат право да знаат дали плаќаат две градоначалнички функции, а реално немаат раководство кое целосно и одговорно ги решава нивните проблеми.
Еве и денеска Мицкоски му отвораше базен а него го нема. Иако базенто е целосно завршен во време на СДСМ а денеска е само церемонија, но Лукровски не се појави.
Ова е циркус. Додека народот се соочува со секојдневни реални проблеми, Мицкоски се занимава со отворање базени.
Уште пострашно е што ВМРО и Мицкоски, кои се удираа в гради за Лукровски, сега се однесуваат како ништо да не се случува.
Дополнително, се отвора прашањето дали вработените во Општина Карпош треба да стравуваат за своите плати, дали финансиската состојба е стабилна и дали ќе има нов ребаланс на буџетот кој дополнително ќе ги чини граѓаните.
Карпош не смее да биде заложник на лични пресметки и институционален вакуум. Карпошани заслужуваат градоначалник кој е достапен и одговорен, кој е во служба на граѓаните.
Ако Општина Карпош не може нормално да функционира, тогаш единственото демократско решение се предвремени локални избори – граѓаните повторно да одлучат кому ќе му ја доверат одговорноста да го води Карпош.
Време е граѓаните повторно да го кажат својот збор на предвремени локални избори во Карпош.








