домаМакедонијаИскра Хаџи Василева ја презеде должноста шеф на ОЈО ГОКК од Ислам...

Искра Хаџи Василева ја презеде должноста шеф на ОЈО ГОКК од Ислам Абази

- Advertisement -spot_img

Искра Хаџи Василева и официјално ја презеде функцијата раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од досегашниот шеф Ислам Абази, со примопредавање на должноста во обвинителството.

По примопредавањето, Хаџи Василева и Абази имаа средба со државниот јавен обвинител Ненад Савески.

Хаџи Василева беше избрана за шефица на ОЈО ГОКК на изборите одржани на 28 октомври годинава, кога освои 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче. По давањето на свечената изјава, таа порача дека нејзини главни приоритети ќе бидат ефикасен кривичен прогон, целисходна работа на обвинителството и максимално искористување на расположливите ресурси во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Ислам Абази се враќа во гостиварското Вишо обвинителство.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img